Вести Македонија Топ вести

Бунфорт: Северна Македонија неправедно „седи на оградата“ на ЕУ веќе 20 години

Ако процесот се базира на мерит-систем, Северна Македонија и другите земји од регионот заслужуваат да станат полноправни членки на Европската Унија, смета Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Нагласува дека земјата неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ и оти е неопходно процесот на пристапување во ЕУ да се забрза.

Бунфорт, кој денеска во македонското Собрание имаше средба со потпретседателот на парламентот, Антонијо Милошоски, рече дека на средбата станало збор за повеќе прашања поврзани со процесот на пристапување во Европската Унија.

„Сме чуле многу идеи, како таа за постепена интеграција или гарантиран статус на земја членка, без право на глас. Она што е важно е да видиме дека земјите од регионот, вклучително и Северна Македонија, треба да станат полноправни членки на ЕУ. Тоа е сè што можам да кажам во моментот. За нас би било многу важно да се забрза овој процес и да им се даде на земјите шанса да станат членки на ЕУ. Доколку станува збор за мерит базиран пристап, мислам дека Северна Македонија и регионот заслужуваат полноправно членство“, рече Бунфорт.

Ставот на Бунфорт го дели и потпретседателот на Собранието, Милошоски.

„Унгарија е земја што безрезервно дава поддршка на проектот за проширување на Европската Унија не само за Македонија, туку и за другите земји во регионот, кои, за жал, предолго чекаат во овој процес на проширување, каде што одредени ветувања беа дадени уште за време на солунскиот самит во 2003 година, но, за жал, повеќето од нив не се исполнети до денес“, рече Милошоски и оцени дека билатералните односи на двете земји се на одлично ниво, но има интерес и веќе зголемени активности за поголема економска соработка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе