Демократската Унија за Интеграција изразува крајно незадоволство и директно протестира против заканите врз судската и обвинителската фела од страна на министерот Филков во неговиот последен јавен настап.
- Извршната власт не само што нема уставно право да сугерира правци на постапување на правосудните органи, туку улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судската власт, особено во вакви случаи каде политичката поларизација врши огромен притисок врз поединците од правосудниот систем, велат од ДУИ.
Министерот за правда наместо да ја одбрани правосудната фела од партиската хистерија тој дополнително ја разгорува, создавајќи атмосфера на однапред донесена пресуда, притоа директно изнесувајќи закани кон обвинителите и судиите.
Со ваквите изјави Министерот на јавна сцена врши притисок врз обвинителството и судот, што покрај нарушување на принципот на поделба на власта, преставува директен атак на правосудниот систем и се заканува да го наруши интегритетот на постапката, соопштуваат од ДУИ.
