Вести Македонија Топ вести

ДУИ протестира против заканите врз судската и обвинителската фела од страна на министерот Филков

Демократската Унија за Интеграција изразува крајно незадоволство и директно  протестира против заканите врз судската и обвинителската фела од страна на министерот Филков во неговиот последен јавен настап.

  • Извршната власт не само што нема уставно право да сугерира правци на постапување на правосудните органи, туку улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судската власт, особено во вакви случаи каде политичката поларизација врши огромен притисок врз поединците од правосудниот систем, велат од ДУИ.

Министерот за правда наместо да ја одбрани правосудната фела од партиската хистерија тој дополнително ја разгорува, создавајќи атмосфера на однапред донесена пресуда, притоа директно изнесувајќи закани кон обвинителите и судиите.

Со ваквите изјави Министерот на јавна сцена врши притисок врз обвинителството и судот, што покрај нарушување на принципот на поделба на власта, преставува директен атак на правосудниот систем и се заканува да го наруши интегритетот на постапката, соопштуваат од ДУИ.

Филков: Ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Изгор денови, на места и до 39 степени, спарни ноќи – топол бран до средината на наредната недела

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе