Вести Македонија

Несоодветното греење и сообраќајот, децениски причини за аерозагадување во Тетово

Загадениот воздух во Тетово како да стана подзаборавена тема во јавноста, но податоците од мерењата покажуваат дека нема промена и со години постои неизбежното аерозагадување поврзано со грејната сезона. Од ноември до февруари, односно секоја зима, веќе со децении нема спас од аерозагадувањето. Со тоа што во тие месеци е загадено, се надминува и светскиот здравствен стандард дека не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух, за да има квалитетен живот во една урбана средина.

Со оглед дека зимата е најкритичниот период, во отсуство на тешка индустрија во Тетово, произлегува дека тетовци со неправилното затоплување на домовите и деловните објекти, самите придонесуваат за загадениот воздух.

„Граѓаните, таму кај што се може, да ја развијат таа свесност, да биде оној дел загревање со биомаса, со дрва, со други алтернативни начини да биде едноставно намалено. Повеќе електричната енергија да се користи како начин на загревање на домовите. Институциите треба да поработат да се подигне јавната свест, да внимаваат што горат, како горат, на кој начин едноставно го горат. Треба да се поработи на лесната индустрија“, изјави Илија Илијоски, специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Применување на веќе познати практики низ светот е клучна насока за промени, оценува докторот од тетовскиот Центар за јавно здравје.

„Да се намали нивото на сообраќај, да се намали нивото на користење на моторни возила. Да се користат повеќе во делот на јавен сообраќај, користење на автобуси, користење на други алтернативни начини на превоз, значи да не гледаме едно возило со еден човек. Тука треба да проработи јавната свест и управувањето со комуналниот отпад, управувањето со медицинскиот отпад“, порачува Илијоски. 

Докторот Илијоски потсетува дека загадувањето доаѓа од сета човекова активност, а секоја средина си има свои облици на дополнително оптоварување на воздухот.

„Сепак, мораме исто да издвоиме експанзија на градежништвото што сите ја чувствуваме. Буквално се гради на секој чекор. Не можеме да го занемариме земјоделието и со многу мал процент учествуваат фармите и каменоломите во околината на Тетово“, додава Илијоски. 

Во 2025 година, Тетово има 85 денови со загаден воздух, а во 29 денови немало мерење на аерозагадувањето. Во летните месеци не се бележат надминувања на гранична вредност од 50 ПМ10 честички на метар кубен.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приколка од товарно возило се преврте на автопатот кон Гевгелија

Sasko Dimovski

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе