Вести Македонија Топ вести

Ако поминете на зелено, но останете заглавени на крстосница, ќе ви стигне казна од 45 евра

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека заглавувањето среде крстосница ќе се евидентира како посебен прекршок и нема да се води како поминување на црвено, туку како отежнување на движење на крстосница, што се санкционира со казна од 45 евра.

Тој  во интревју за ТВ 21 предупреди дека иако граѓаните поминат на зелено, но поради метеж се најдат среде крстосница, тие сепак ќе бидат казнети.

Таквите случаи ќе бидат третирани како прекршок, но не како поминување на црвено, туку како забавување на сообраќајот на крстосница.

– Тој сообраќаен прекршок има друг третман. Нема да има третман поминување на црвено, туку забавување или отежнување на движење во рамки на крстосница, кој е посебно дефиниран, и мислам дека казната беше 45 евра. Значи возачот мора да направи проценка дека сообраќајот ќе се закочи ако помине на зелено светло, и ќе мора да застане. Имаше во тест периодот и такви ситуации, и камерите ве идентификуваат како да сте поминале на црвено, и покрај тоа што сте влегле на зелено. Но, сето тоа го отстранивме, и тој прекршок нема да биде констатиран како поминување на црвено, туку како угушување на крстосница – рече Тошковски.

Исто така, тој додаде дека во Скопје веќе се подготвува активирање на зелен бран кој ќе ги опфати сите булевари во градот, со што, според него, протокот на сообраќај ќе се забрза за 30 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе