Вести Македонија Најважни

Собранието ја прифати оставката на Цвета Ристовска, Татјана Димитровска седна во обвинителна клупа

Додека Собранието денеска ја прифати оставката на поранешната претседателка на ДКСК и ревизорка Цвета Ристовска поради скандалите поврзани со неа, нејзината колешка исто така од ДКСК и ревизија седна во обвинителна клупа.

Татјана Димитровска е обвинета дека како претседател на антикорупциската комисија оддала тајна на обвинет во Адитив, но и дека со помош на нејзин колега од ревизија го положила тестот за сертификат за тајност.

Но нејзиниот адвокат обвинува дека со обвинението Обвинителството за гонење на организиран криминал и се осветува.

Причина за тоа како што вели Туфегџиќ е за тоа што таа го изготвила ревизорскиот извештај за бонусите кои ги земале обвинителите од СЈО.

Како доказ за ова била и изјавата на обвинителката Ленче Ристовска која се посомнева во објективноста на ревизорките Ристовска и Димитровска кои го изработиле а кои  деновиве токму се употребува во кампања против нејзиниот избор за државен обвинител.

  • Предметот е мотивиран пред се поради постапувањето на Татјана Димитровска со предметот со бонусите на СЈО, а тоа се докажува и со јавно дадената изјава на сегашниот кандидат за државен јавен обвинител Ленче Ристовска, рече Туфегџиќ.

Поранешните претседателки на ДКСК, Димитровска и Ристовска дојдоа на оваа функција од Државната ревизија.

И двете како ревизорки го ставиле својот потпис на извештајот за бонусите на СЈО во кој напишаа дека се земани сомнително.

Налог за да се изврши овој извештај даде истото обвинителство а тие соработуваа со него, но сега адвокатот на Димитриевска смета дека се ставило на страната на нивните колеги од СЈО. Обвинителката Ристовска не сакаше да ја коментира ваквата одбрана.

Обвинителите негираат било каква поврзаност и сметаат дека имаат доволно докази против поранешната претседателка на ДКСК.

  • Обвинителството постапувало согласно доказите со кои располагало, кои што ги имало пред себе и кои што секако претставува законска обврска на обвинителството и на секој предметен обвинител којшто постапува по одреден предмет неводејќи сметка и неважно кој ќе биде обвинет, рече обвинителката во ОЈО ГОК Наташа Поп-Трајкова.

Инаку и Димитровска и Ристовска сами си дадоа оставки од Антикорупциската комисија. Димитровска откако беше објавена истрагата против неа, а Ристовска откако јавноста дозна за тоа дека има сомнежи за судир на интереси и прикривање имот на нејзините синови. За првата денеска се одржа подготвителното рочиште, додека за втората денеска собранието ја констатираше оставката.

Димитровска веднаш по тоа се врати во ревизијата, додека за Ристовска се уште не се знае дали ќе се врати како помошник на државниот ревизор.

Билјана Николовска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе