Советот на јавни обвинители на 4 од вкупно 5 кандидати им даде позитивна оценка дека го исполнуваат условот да бидат нов државен јавен обвинител. Позитивни оценки добија актуелна В.Д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска и судијата во Основниот кривичен суд Скопје, Ненад Савески.
Советот не одлучуваше за 5-тиот кандидат Владимир Панчевски бидејќи поранешниот престедател на скопскиот кривичен суд не ги исполнувал условите.
Листата кандидати ќе биде испратена во владата која ќе утврди конечен предлог и ќе го испрати до Собранието, во чија надлежност е избор на нов државен јавен обвинител.
Претходниот државен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка истиот ден кога Собранието требаше да одржи седница за негово разрешување и покрај тоа што Советот на јавни обвинители не најде причина за негово разрешување.
