Вести Економија Македонија Најважни

Хит дестинација на владиниот лирџет – Будимпешта, Силјаноска и Николоски најчесто патуваат, Мицкоски летал до Јадран, а Гаши со сопругата

Скопје – Будимпешта е релацијата на која најмногу летал владиниот авион. Дури седум пати се летало кон престолнината на Унгарија во периодот откако ВМРО – ДПМНЕ состави влада во јуни 2024, па заклучно со декември 2025 година.

Од министрите најмногу во воздух бил министерот за транспорт и врски и заменик претседател на владата, Александар Николовски а најчесто летал токму за Будимпешта. Го користел авионот 11 пати од кои шест пет бил таму.

Преку документите кои ги обезбеди Телма од Службата за општи и заеднички работи во Владата, имало случај  кога владиниот авион бил упатен на сервис во германскиот град Нирнберг на 12 јануари лани. Оттаму бил упатен кон Будимпешта, го земал Николовски и се вратиле во Скопје. Министерот за транспорт летал и за Лондон, а дел од делагацијата бил и поранешниот вицепремиер за економија Владимир Пешевски. Бил и во Прага, Виена, а летал и на релација Скопје – Истанбул и назад, но не  директно за Скопје, туку прво застанал во Охрид.

Повеќе од Николовски, владиниот авион го користела само претседателката Гордана Силјановска Давкова. Летала 13 пати. Во соседството била до Тиват, Подгорица, Тирана, а имала и летови до Рим, Истанбул, Копенхаген.

Претседателот на Собранието Африм Гаши пак го употребил седум пати. На три релации бил придружуван и од сопругата. За еден лет од Скопје до Џеда во Саудиска Арабија, како корисник се наведува Претседател на Собрание, но на листата нема податоци за патниците.

Премиерот Мицкоски владиниот авион го користел три пати. Еднаш бил до Будимпешта, а на 10 август лани заминал за Сплит. Во тој период медиумите информираа и дека неколку денови Мицкоски ќе одмара во Хрватска. Патувал и до Тирана. За еден лет од Скопје до Белград  нема целосни податоци. Пишува дека корисник е претседател на Влада, но графата за патници е празна.

Исто колку и премиерот владиното летало го користел и министерот за надворешни Муцунски. Бил до Ротердам, Белград и Стразбур. Во едне случај летал и до Прага, но патувањето било организирано од од министерството за енергетика, транспорт, и земјоделие.

Два лета од МНР биле организирани за други цели –  едниот за транспорт на повредени од пожарот во Кочани, а другиот за евакуација на граѓани од Израел.

Од документите може да се види дека со владиниот лирџет  летала и министерката за енергетика Божиновска,  два пати. Била на еден ден до Белград и еднаш до Прага. Во Будимпешта бил и министерот за локална самоуправа Златко Перински. Таму заминал со уште четворица. Во авионот еднаш седнале и министерата за образование Весна Јаневска и поранешниот министер за животна средина Изет Меџити. Патувале до Лондон.

Според, податоците за година и половина, од средината на 2024 до крајот на 2025 тата  владиниот авион бил употребуван околу 40 пати, без летовите за сервисирање и двата лета медицинскиот и за евакуација на патници. Се сервисирал девет пати. Ова летало е наменето само за институциите кои се под владина капа, а трошоците за користење се покриваат директно од буџетот кој го полнат и граѓаните.  Инаку, планот е  да се  набави уште еден ваков авион.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

(Видео) Клековски: Лани потрошени околу 178 милиони евра за лекови на рецепт

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе