Вести Македонија Топ вести

Си ја доцртал регистрацијата, па останал без мерцедесот

Со фломастер си доцртале една линија на табличките, па деветката ја преправиле во осмица за да ги збунат камерите. Ова се само дел од обидите на возачите да ги избегнат казните преку системот „Сејф сити“. Полицијата уапси двајца возачи и ги заплени нивните „мерцедеси“ поради сомнение за фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина. За овие кривични дела може да добијат парична казна или затвор до три години.

„Притоа, лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А., кои управувале патнички возила „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 378 и 380 од Кривичниот законик, а констатиран е и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје“, изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Инаку, полицијата во периодот од први до дванаесетти февруари, на територијата на целата држава, одзела вкупно 70 возила, а лишени од слобода се 73 возачи поради возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи. Првпат, по воведувањето на ,,Сејф сити’’, се случува полицијата да уапси возач што си ја доцртувал табличката.

Но вакви манипулации нема само во Македонија. И во многу земји со системи слични на Сејф сити возачите сепак изнаоѓаат начин како да ги избегнат казните.

Во Шпанија се формираат тајни групи на Телеграм и Ватсап, во Велика Британија постојат  специјализирани таблици што тешко се читаат, а во Русија и Кина со хакерски напади се предизвикува прекин во работата на камерите.

Софија Бислимоски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе