Вести Македонија Топ вести

Политичко окрупнување и кадровско прочистување – Вреди во фаза „едно“, Владата во фаза на реконструкција

Обединувањето на владиниот коалициски партнер Вреди влегува во нова фаза. Меџити, кој е еден од лидерите, најавува интензивирање на разговорите, по јасните пораки од членството дека коалицијата треба да настапува како едно.

Оваа изјава на првиот човек на партијата Демократско движење која учествува во Вреди, доаѓа еден ден по состанокот на највисокото раководство на партнерската партија Беса, вчера во Тетово.

Централното претседателство на партијата на Касами се распушти, за да се трасира патот за Вреди да се спои во една партија. 

  • „Најверојатно во следниот период истото ќе го направат и другите политички субјекти внатре во Влен, почнувајќи од моето Демократско движење. Во однос на лидер, не сме фокусирани моментално на персонални решенија. Има повеќе креативни идеи – со ротација, ко-претседателство или еден член“, изјави Изет Меџити, еден од лидерите на Вреди и претседател на партијата Демократско движење. 

Лидерот на Беса, Касами, најави дека партијата планира да направи оценка на сработеното од страна на нивните функционери во извршната власт. Според тие параметри, потоа ќе се кројат и идните кадровски решенија коишто ќе ги понудат за позициите.

Премиерот Мицкоски и министерот за правда вчера испратија остри пораки кон својот коалициски партнер Касами и го потсетија кој е премиер и кој одлучува за министерските позиции.

Ова следуваше по информациите дека ќе тој ќе побара од Фатмир Лимани веќе да не биде министер од нивните редови, а дека е можно и Игор Филков да биде опфатен со најавената владина реконструкција.

Лидерите на Вреди со усогласен став по тоа прашање, Меџити оценува дека секоја партија има право автономно да одлучува.

  • „Свесни сме дека премиерот е мандатар и тој одлучува кој ќе биде министер, но додека станува збор за политичка влада во која учествува Беса како дел од коалицијата Влен, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна како дел од идната Влада“, изјави Касами, еден од лидерите на Вреди и претседател на Беса, по вчерашниот состанок на партиското раководство. 
  • „Во однос на кадрите секој по својот учинок, се анализира. И нормално е при секоја реконструкција да има промени и да има подобрување во таа насока“, изјави Меџити. 

Реконструкцијата, според најавите би требало да се случи во мај или јуни. Во меѓувреме во јавноста почнаа и шпекулации околу тоа кои министри би можеле да бидат сменети, а се споменуваат и повеќе ресори како правда, енергетика, земјоделство, култура и спорт.

Петар Догов 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Дејан Дејан

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе