Вести Македонија Топ вести

Распуштено Централното претседателство на Беса – се трасира патот за спојување во една партија „Вреди“

Централното собрание на Движење Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на ова партиско тело, со цел партијата во наредниот период да биде дел од отпочнатиот процес за фузија на повеќе политички партии во партијата „Вреди“ (ВЛЕН) како еден политички субјект. Оваа одлука ја донесе Централното собрание вечерва по час и половина заседавање во партиското седиште во Тетово.

„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на „Вреди“ и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат „Вреди“. Во оваа прилика Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам да со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка за спојувањето во еден субјект со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот на волјата на гласачите на „Вреди“ и сите Албанци“, истакна Биљал Касами, претседател на Движење Беса.

На состанокот на собранието била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата, рече Касами. Тој пренесе дека членовите на собранието ја поддржале неговата изјава дека Движење Беса има капацитет за многу повеќе работа, отколку што е сработено досега.

„Анализата на работата на функционерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на владата. Движењето Беса верува дека позициите во владата се средства за наша најдобра и ефикасна служба на сите граѓани, особено Албанците и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, истакна Касами.

На новинарско прашање дали тој ќе биде претседател на новата заедничка партија во рамки на коалицијата Вреди, Касами со одговор дека има неколку опции на дискусија.

„Не би сакал да кажам да или не. Сигурно дека доколку заеднички процениме дека јас би требало да преземам некоја обврска, јас сум подготвен“, посочи Касами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Запалени автомобилите на адвокатот Алиспахиќ

Дејан Дејан

Поради погрешен матичен број на полицаец вратен на работа со судска одлука- „застана“ здравственото осигурување на сите вработени во МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе