Испливуваат се повеќе детали околу нападот во средното училиште во Тамблер Риџ во Канада, во кој според последните податоци загинаа 10 лица, a осомничениот е пронајден мртов во училиштето.
Меѓу загинатите се еден наставник (39) и пет ученици: три девојчиња (12 години) и две момчиња (12 и 13 години), едно тело е пронајдено на скалите, додека другите тела се пронајдени во училишната библиотека, рече Мекдоналд, пренесува CBS News.
Тој потврди дека мајката, братот и сестрата на осомничениот биле убиени во семејната куќа пред нападот во училиштето.
Телата биле откриени околу 14:45 часот, откако соседот ја повикал полицијата.
Полицијата соопшти дека трансродовото лице осомничено за нападот е Ван Рутселар која неколку пати во претходните години одело на интервенции поради проблеми со менталното здравје.
Според Мекдоналд, осомничената е идентификувана како жена, а е родена како маж.
Таа започнала со транзиција пред шест години, а го напуштила училиштето пред четири години.
Во училиштето, полицајците пронашле долга пушка и модифициран пиштол, кои не биле регистрирани на име на Ван Рутселар, а нејзината дозвола истекувала во 2024 година.
Тој рече дека полицијата сè уште не открила мотив, ниту пак е пронајдена порака од напаѓачот.
Во нападот се повредени и 25 лица, од кои неколку се во критична состојба.
