Вести Свет Топ вести

(Видео) Тепачка во турскиот парламент при полагање заклетва на новиот министер за правда

Тепачка меѓу пратеници на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) во турскиот парламент. Инцидентот се случи за време на денешната седница, која беше неколкупати прекинувана, и полагањето заклетва на новиот министер за правда, Акин Гурлек.

До физичка пресметка, како што пренесува „Хуриет“, дојде во моментот на излегување на Гурлек на говорница за да положи заклетва, по што пратениците на ЦХП излегоа на сцената и веднаш се придружија и нивните колеги од АКП.

Шефот на пратеничката група на ЦХП, Мурат Емир, претходно, оцени дека именувањето на Гурлек за министер е неуставно, образложувајќи дека судии и обвинители, доколку не поднесат оставка, не може да се занимаваат со политика.

Заменик шефот на пратеничката група на АКП, Абдулхамит Гул ги отфрли таквите тврдења, истакнувајќи дека процедурата е во рамки на Уставот и Деловникот, како и дека министрите мора да полагаат заклетва пред пратениците.

Потпретседателот на собранието, Бекир Боздаг прочита релевантни одредби и го повика Гурлек да положи заклетва, по што дојде до турканица и вербални пресметки меѓу пратениците, па седницата беше привремено прекината.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запалени автомобилите на адвокатот Алиспахиќ

Дејан Дејан

Поради погрешен матичен број на полицаец вратен на работа со судска одлука- „застана“ здравственото осигурување на сите вработени во МВР

Дејан Дејан

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе