Додека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се пофали дека ја зголемува соработкатра со невладините организации, тие испратија порака. Постои сомнеж во непристрасното делување на комисијата кога одлучува за свој член, како тоа што е случајот со Цвета Ристовска. Од „Транспаренси“ тврдат дека Ристовска, на која ѝ се отворени два предмета од истата комисија во која што е член, треба сама да одлучи дали е добро за институцијата од морални причини да си даде оставка или да се оддалечи од функцијата. Но, се сомневаат во непристрасноста на нејзините колеги кога се работи за неа.
Пред една недела ДКСК отвори два предмета против Ристовска, за тоа дека не пријавила имот и за судир на интереси. Ќе се истражува дали е спорно тоа што синовите на Ристовска имаат фирми која таа не ги пријавила во анкетниот лист, но и дека една од фирмите земала околу 70.000 евра за маркетинг и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за претседателските избори во 2024 година.
И покрај тоа што токму ДКСК ги проверува финансиските извештаи на партиите, Ристовска за Телма тврдеше дека работела професионално и се изземала секогаш кога тоа било потребно. За непријавувањето на фирмите велеше дека нема законска обврска, бидејќи не живее со своите деца, но, сепак, во нејзиниот анкетен лист ги пријавила возилата кои се имот на деца.
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ за Телма потврди дека двата предмета кои се отворени, ќе бидат ставени на дневен ред на комисијата најбрзо што може, а тоа е за 10-тина денови.
Ги негира обвинувањата од партијата Левица дека во ДКСК има петиција од вработените за недолично однесување на Ристовска. Претходно Левица објави и дека личност блиска на Ристовска била ангажирирана на позиција архиварка за да врши контрола на предметите. Сега партијата најавува интерпелација за Риствоска во Собрание, ако таа саман е си поднесе оставка.
Билјана Николовска Тодорова
