Вести Економија Топ вести

Покачување за 11 илјади административци, премиерот пак месечно ќе го мери квалитетот на услугата која ја даваат

Околу 11 илјади административци до 2028 година ќе добијат околу 40 отсто повисока плата. Владата и УПОЗ постигнаа договор. Премиерот пак секој месец ќе анализира дали е подобрена услугата кон граѓаните и бизнисот од нивна страна – нешто што го побарал од синдикатите за возврат. Со договорот, вработените во управата и правосудството оваа и наредните две години ќе добијат плус  8 отсто покачување на платата во која ќе биде  пресметан износот од законското зголемување на минималецот.

Она што е уште е добро за нас како синдикати е тоа дека ова право се дава во поединечен индивидуален договор што би значело дека во било кое време ако утврдиме поповолни права за вработените во постапката за потпишување или измена на тој колективен договор е многу побрза отколку да се носи нов закон, изјави Трпе Деановски, претседател на УПОЗ.

 

Се надевам дека преговорите  ќе продолжат затоа што сите знаеме Општиот колективен договор за јавниот сектор е истечен, вели Благоја Ралповски, КСС.

Сега министерката за финансии треба да најде околу 10 милиони евра годишно за да се реализира ова покачување. Премиерот Мицкоски вели ќе се обезбедат преку кратење на одредени трошоци, но и со зголемување на приходите без скок на даноци. Само за споредба за 78 отсто повисоки плати за нешто над 1.000  функционери поранешниот министер Бесими пресмета дека годишно ќе требаат 15, 5 милиони евра. И, годинава да нема сериозен раст на овие примања Мицкоски уверува дека до крајот на месецов ќе се направи нова корекција на коефициентите.

Но, борбата за повисок минималец на синдикатите продолжува. Премиерот пак стои на ставот зголемувањето ќе биде согласно законското решение.

Што се однесува до минималната плата нашиот став е јасен да ние ќе ги зголемиме минималните плати соодветно на законското решение а доколку постигнат договор работодавачите и работниците ние секако ќе го поддржиме но тогаш ќе треба и овој договор кој што го имаме сега да го нивелираме затоа што тогаш ќе дојде во пресметката во методологијата усогласувањето со минималната плата премногу големо зголемено  за одреден процент а тие пари во буџетот ние ги немаме, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

ССМ, пак од вторник почнува со блокади. Во 9 часот наутро прво парламентот. Во следните денови бизнис секторот и Владата. Бараат раст на минималецот на 600 евра, а сите останати да се зголемат за најмалку 100 евра. Преговорите меѓу Владата и УПОЗ пак траеја повеќе од една година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе