Вести Македонија Најважни

Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, избран и нов Извршен комитет

Пратеникот Драган Ковачки е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој доаѓа на местото на Ѓорѓија Сајкоски. Огранизационен секретар на партијата ќе биде директорот на СОЗР, Ивица Томовски, а шеф на кабинет на партискиот претседател Христијан Мицкоски и во партијата ќе му биде Владимир Неловски, кој оваа функција ја извршува и во владата.

Централниот комитет вечерва избра и нов Извршен комитет, во кој девет лица се сменети, а на нивно место доаѓаат млади кадри. Сменети се Сергеј Попов, Олга Лозановска, Мевмет Џафери, Сашо Клековски, Миле Лефков, Маноил Јаковлевски и Ристо Симеонов, а влегуваат скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, пратеничката Драгана Бојковска, градоначалникот на Маврово-Ростуше, Онер Јакуповски, директорот на „8 Септември“, Синиша Стојановски, министерот Стефан Андоновски, Филип Поповски и директорот на Царина, Бобан Николовски.

Мицкоски најави дека во наредниот период ќе се изберат и нови претседатели на партиските општински комитети, како и нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.

На прашањето, дали наскоро може да се очекува и реконструкција на владата, одговори дека веќе во мај, најдоцна јуни, ќе има смена во дел од ресорите во владиниот кабинет, а можеби и во некои институции.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе