Утре САД и Иран треба да имаат средба во Оман , иако спорат околу инсистирањето на Вашингтон во разговорите да биде вклучен и арсеналот проектили на Иран. Техеран бара да се разговара само за неговата нуклеарна програма.
Деликатните дипломатски напори следуваат во услови на зголемени тензии, бидејќи САД акумулираат сили на Блиски Исток, а регионалните земји се обидуваат да избегнат воена конфронтација, за која многумина стравуваат дека би можела да ескалира во поширока војна.
Запрашан дали врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, треба да биде загрижен, Трамп изјави:
-Би рекол дека треба да биде многу загрижен. Да, треба да биде.
Двете страни се согласиле да ја преместат локацијата на разговорите во Оман, откако првично го прифатија Истанбул. Но, се уште нема информации дека се спогодиле околу агендата.
