Вести Свет

САД и Иран утре на средба во Oман

Утре САД и Иран треба да имаат средба во Оман , иако спорат околу инсистирањето на Вашингтон во разговорите да биде вклучен и арсеналот проектили на Иран. Техеран бара да се разговара само за неговата нуклеарна програма.

Деликатните дипломатски напори следуваат во услови на зголемени тензии, бидејќи САД акумулираат сили на Блиски Исток, а регионалните земји се обидуваат да избегнат воена конфронтација, за која многумина стравуваат дека би можела да ескалира во поширока војна.

Запрашан дали врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, треба да биде загрижен, Трамп изјави:

-Би рекол дека треба да биде многу загрижен. Да, треба да биде.

Двете страни се согласиле да ја преместат локацијата на разговорите во Оман, откако првично го прифатија Истанбул. Но, се уште нема информации  дека се спогодиле околу агендата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе