Скандалот со видеокамери инсталирани во салони за ласерско отстранување влакна во Бургас и голи клиенти кои се снимаат за време на процедурите ја бранива јавноста. На некои од снимките се појавуваат и малолетни девојки, објавува nova.bg.
Досега, до Регионалната дирекција за внатрешни работи на Бургас, обвинителството и окружните канцеларии жалби поднеле повеќе од 80 жени, а се очекува нивниот број да продолжи да расте.
Снимките од едно козметичко студио во комплексот „Меден Рудник“ биле откриени од засегнатите клиенти на страници со содржина за возрасни.
Клиентите на салонот ги виделе камерите во собите за третман, но мислеле дека се таму од безбедносни причини и за спречување кражби. Сепак, во собите каде што жените се соблекувале голи имало видео надзор.
„Не знаеме ништо. Кога пристигнавме, камерите беа инсталирани. По некое време, повикавме техничар да ги поврзе бидејќи не ги користевме. Многу сум загрижена. Камерите беа инсталирани од безбедност“, ја објавува Nova.bg изјава на Станимира, вработена во салонот за убавина во комплексот „Меден Рудник“.
Меѓу снимените посетители на салоните за убавина се голем број јавни личности, малолетни девојки, па дури и една бремена жена. А објавените видеа завршија на над 10 платени страници со порнографска содржина.
Сослушувањата продолжуваат во текот на денот, а покрај вработените во салоните, се проверуваат и компании – интернет провајдери, како и компании што го инсталирале видео надзорот.
Окружниот обвинител на Бургас, Марија Маркова, во емисијата „Здраво, Бугарија“ изјави дека се вршат итни проверки врз бројните пријави добиени од лица кои се идентификувале како жртви. Таа нагласи дека за време на викендот е одржан работен состанок со окружниот обвинител, обвинителите што го надгледуваат случајот, како и претставници на Регионалната дирекција за внатрешни работи на Бургас.
Поради обемот на кривичното дело, Обвинителството на Бургас побара помош од меѓународни служби, вклучувајќи ја Дирекцијата за кибербезбедност, ФБИ и Интерпол, со цел да се запре емитувањето на снимките на веб-страниците дистрибуирани на сите континенти.
Б.С.
