Вести Македонија Топ вести

Како до возачки без образование и примања? – продолжија протестите на Ромите поради одземање возила

И денеска продолжија протестите на ромското население во Битола, овој пат со блокада на улицата пред општинската зграда. Нивниот револт ескалираше, откако полицијата им ги одзеде возилата што ги управувале без возачка дозвола. Тие бараат да се најде начин да можат да возат без дозвола или да им се овозможи полагање под посебни услови.

„Само да се смени законот, ние што знаеме да возиме да нè проверат колку знаеме. Ако немам школо, ама возач сум јас, затоа што јас ја возам колата“, вели еден жител.

„Ако треба да ме однесе син ми во болница, ќе го запрат и ќе му ја земат колата. Значи јас ќе умрам, нема спас за мене. Побараа регистрација, еве децата ги регистрираа колите. Сега од каде да најдеме по 1.000 евра? – Не се писмени, немаат школо“, вели друга жителка.

Поради измените во законот за одземање возила управувани без возачка дозвола, вчера ромското насление го блокираше магистралниот пат Ресен – Битола, а протести имаше и во други градови низ државата со нарушување на јавниот ред и мир. Жителите палеа гуми и ѓубре на улиците, а густ чад и непријатна миризба се ширеа наоколу. Дел од нив упатија и закани.

„Не може да ми земе возило, не ми го купил тој, јас си го купив. Ај ние да му го земеме неговото возило“, велат жители од ромската населба.

„Ние на ниедна полиција не ѝ згрешивме, ама ако ми го земат возилото ќе има проблеми. Ако удираат тие, и ние ќе почнеме да удираме“, вели друг жител.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал од Министерството за внатрешни работи жестока реакција за секој што го прекршил законот, се заканувал и го загрозувал мирот и безбедноста, за да не се повтори вчерашното дивеење.

Од МВР соопштија дека се одземени возилата на осум возачи во Велес, во Делчево, во Скопје, во Битола и во Прилеп кои управувале со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе