Почна карневалот во Венеција. Туристи и жители на градот се собраа на главниот плоштад Свети Марко, многумина облечени во шарени костими.

Оваа година карневалот се одржува под мотото „Олимп, назад кон потеклото на игрите“, во чест на Зимските олимписки игри годинава, кои ќе се одржат главно во Милано и Кортина од 6-ти февруари.

Карневалот се отвори со улични претстави низ градот.
„Овој фустан е рачно изработен од шивачки и сигурно наликува на фустан од 18 век. Мојата шминка е базирана на темата на Олимп, што е тема на карневалот оваа година, па се насликав себеси како Зевс, таткото на боговите,“ изјави Филипо Поло, учесник на карневалот.

„Јас сум дама од 18 век. Дама која навистина го сака карневалот, но исто така навистина сака да се облекува во боите на Венеција,“ рече Џулија Мораски, локален посетител на карневалот.

„За нас карневалот е многу срдечна прослава и, бидејќи е исто така историски, ние сме заинтересирани да ја одржиме традицијата на облекување,“ рече Дамијано Вијанело, локален посетител на карневалот.

„Венецискиот карневал отсекогаш ми бил страст. Ништо друго не е важно,“ рече Лаура Ригато, посетител на карневалот од Тренто.

Главниот официјален настан што обично го означува почетокот на Венецијанскиот карневал e парадатa на бродови во големиот канал.

На парадата учествуваа бродови со екипаж во костими.

Карневалот вклучува паради, маскенбали и улични претстави, кои привлекуваат посетители од целиот свет.


Б.С.
