Вести Македонија Топ вести

КОД открива каков имот имал судијата Ѓоко Ристов кој не го пријавил во анкетниот лист

КОД истражуваше каков имот имал судијата Ѓоко Ристов кој не му бил пријавен во анкетниот лист доставен во ДКСК.

Дали осомничениот судија за противправно стекнување и прикривање на имот, како и перење на пари сепак поседувал и друг недвижен имот кој го сокрил од институциите.

Откако станал судија во Апелација немало претставки до Судскиот совет за сомнежи за барање или примање мито.

Имало пет претставки кои се однесувале на одлуки на Судски совети во кои членувал.

Еднаш бил казнет со кратење на плата бидејќи не се изземал од случај, кој веќе го работел додека бил судија во Кривичниот суд.

Во КОД ќе гледате и како со судски пресуди, судиите почнаа да си дела К-15 и за бизнис зделка која ја менува акционерската слика на рудникот Иловица Штука и судбината на жителите преку еколошки влијанија.

Гледајте ја емисијата КОД на Телма вечерва во 19:15

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе