Вести Свет Топ вести

Хамнеи сo директната закана кон Трамп: Ако започнеш војна, овој пат тоа ќе биде регионална војна

Врховниот лидер на Иран денеска предупреди дека секој напад од страна на Соединетите Американски Држави би предизвикал „регионална војна“ на Блискиот Исток, дополнително ескалирајќи ги тензиите, бидејќи претседателот Доналд Трамп се закани со воен удар врз Исламската Република, поради  неодамнешното задушување на националните протести од страна на Техеран.

Коментарите од 86-годишниот ајатолах Али Хамнеи се најдиректната закана упатена досега, бидејќи американскиот носачот на авиони „Абрахам Линколн“ заедно со американските воени бродови се во Арапското Море, испратени од Трамп. Хамнеи, исто рече дека тие не се поттикнувачи но ќе зададат цврст удар на секој што ќе ги ја нападне.

  • „Овој господин (Трамп) постојано тврди дека ние сме донеле воени бродови и сме направиле ова или она. Мислам дека не треба да ја плашите иранската нација со такви работи, бидејќи нема да биде засегната од такви забелешки. Таа не се плаши од праведно соочување. Ние не сме поттикнувачи и не се стремиме да нападнеме ниту една земја. Но, иранската нација ќе зададе цврст удар на секој што ќе ја нападне или вознемири,“ истакна Ајатолахот Али Хамнеи, врховен лидер на Иран.

Останува нејасно дали Трамп ќе употреби сила. Синоќа одби да каже дали донел одлука за тоа што сака да направи во врска со Иран. На летот кон Флорида го избегна одговорот и на новинарското прашање дали Техеран ќе биде охрабрен ако САД се откажат од какви било напади врз Иран.

  • „Па, некои луѓе мислат така, а некои не. И ако може да се постигне договор преку преговори што би бил задоволителен без нуклеарно оружје, тие треба да го сторат тоа. Но, не знам дали ќе го сторат тоа. Но, тие разговараат со нас. Сериозно разговараат со нас,“ истакна Трамп.
  • „Мислам, секако не можам да ви кажам тоа, но имаме многу големи, моќни бродови што се движат во таа насока, како што знаете. Не можам да ви кажам, знаете. Но, се надевам дека ќе преговараат за нешто што е прифатливо,“ рече Трамп.

Али Лариџани, висок безбедносен службеник во Иран, напиша на X дека „структурните аранжмани за преговори напредуваат“. Сепак, во јавноста нема сигнал за какви било директни разговори со САД, нешто што ајатолахот Али Хамнеи го негира.

За денес и утре Иран најави воена вежба со боева муниција во стратешкиот Ормузски теснец, тесното устие на Персискиот Залив низ кој поминува една петтина од целата трговија со нафта.

Американската војска веќе го предупреди Иран да не ги загрозува своите воени бродови или комерцијалниот сообраќај во теснецот.

Непосредно пред поморската вежба во Иран одекнаа две експлозии во кои загина едно четиригодишно девојче, а најмалку 14 Иранчани се повредени.

Билјана Ставрова

Загина четиригодишно девојче, а 14 луѓе се повредени во две одвоени експлозии во Иран

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе