Вести Свет Топ вести

Гутереш: Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што САД ќе ги носи сите одлуки

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го критикуваше геополитичкото однесување на Кина и на Соединетите Држави под претседателство на Доналд Трамп.

Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки, рече Гутереш, кој се повлекува од функцијата на крајот на годината, на својата последна новогодишна прес-конференција во Њујорк.

– Ниту, пак, ќе се решат со тоа што две сили ќе го делат светот на ривалски сфери на влијание, додаде тој.

На новинарско прашање, Гутереш појасни дека под „една сила“ мислел на Соединетите Држави, а „две сили“ се однесувало на САД и Кина. Светот мора да се фокусира на „мултиполарност“, рече тој.

– Мултиполарност која е вмрежена, инклузивна по дизајн и способна да создаде рамнотежа преку партнерства. Партнерства во трговијата, во технологијата и во меѓународната соработка, истакна Гутереш.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе