Државниот завод за ревизија со сериозни забелешки за работењето на Општина Охрид во извештајот за 2024 година.
Ревизорите утврдиле дека Општина Охрид не обезбедила урбанистички планови за 20 населени места, не наплатува надоместок за уредување градежно земјиште и комунални такси, а дел од објектите за индивидуално домување и хотелски комплекси се изведени без одобрение за градење.
Исто така, јавните претпријатија користеле средства без одобрение од Советот, а капиталните вложувања во инфраструктурата се изведувале без проектна документација и одобрение за градење.
Ревизија констатирала и дека поставената урбана опрема и угостителските објекти користеле јавни површини без дозволи и уплатени такси, додека програмите за култура и спорт не следеле јасни критериуми и јавни повици.
За сите утврдени состојби, ревизорите дале препораки до надлежните институции и одговорните лица за преземање мерки и корекции во работењето на општината.
