Вести Македонија Најважни

Страст и хуманост: Тоше Проески останува вечен симбол

Карактеристика што Тоше ја имаше, што кај другите не ја гледам тоа е не љубов кон музиката, туку страст, вели басистот Симоновски.

И таа страст кај Тоше Проески не беше само кон музиката, туку и страст кон животот, семејството, пријателите и државата. Целосна посветеност со неверојатна љубов кон што и да правеше. Вака басистот Трајко Симоновски го опиша своето долгогодишно пријателство и настапи на сите концерти со Проески.

Во чест на роденденот на Тоше Проески бендот кој секаде го следеше со својот настап потсетија на сето тоа што зад себе го остави Проески.

– Вчерашниот настап и нас нѐ потсети колку им значи Тоше на луѓето, дури не толку како пејач, како уметник, туку како човек. Една чиста душа, еден чист млад, убав човек. А можам да кажам дека и на луѓето истото тоа им недостасува … Знаете почнува тапанарот одбројува и љуѓето почнуваат да пеат и пеат до крај, како да беше концерт на публиката, вели басистот Трајко Симоновски.

За страста на Тоше кон музиката и почитта со која му пристапуваше на фолклорот сведочи и Шутевски, сеќавајќи се на почетоците на музичката кариера на Проески и понатамошната соработка со „Синтезис“. Секогаш на било која моја посета во земјите од регионот луѓето ме прашуваа дали го знам и она што е највпечатливо вели Шутевски во случајот на Проески критериум за популарноста беа неговиот талент, напорната работа и човечност работи кои се помалку ги гледаме денес.

– Се сеќавам ние имавме концерт во Крушево и тој ни пријде, а затоа што се знаевме тој ми пријде и зборовите му беа: „ Сакам да бидам ѕвезда како вас, а ние му рековме ќе бидеш поголема ѕвезда од сите нас, бидејќи знаеме како пееш. Јас морам да кажам  штом ни пријде и рече сакам да бидам како вас и да ги пеам народните изворни песни, јасно беше колку го сакаше нашиот фолклор, нашата музика, многу пати сме знаеле да седнеме на тие родендени, дружења и да запееме македонски песни, вели Радослав Шутевски, „Синтезис“.    

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година се реализираше крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кој и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе биде симбол на хуманост.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе