Вести Македонија Најважни

Бегалецот Саит Саитов бил казнет од МВР лани за возење без возачка дозвола, тој пред една недела усмрти жена со автомобил „пасат“

Саит Саитов, кој е во бегство откако ја прегази Љуба Јаковлеска во центарот на Скопје претходно добил казна за возење без возачка дозвола. Полицијата Саитов го казнила лани со 250 евра, а неговиот татко Берто Саити добил прекршочна пријава.

18-годишното момче на 9 јануари со пасатот на неговиот татко на улицата „Народен фронт“ непрописно се префрлил во левата спротивна лента и ја удрил 79-годишната жена која како пешак попречно го поминувала коловозот. Саитов не и укажал помош туку избегал, а Јаковлевска подоцна им подлегна на повредите.

  • МВР: „За лицето Саит Саитов за кој МВР распиша меѓународна потерница од страна на СВР Скопје во 2025 година изречена му е санкција по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за управување на возило без положен возачки испит. На неговиот татко, од страна на СВР Скопје во 2025 година поднесена му е прекршочна пријава по член 317 став 14 за давање на возило да управува друго лице а лицето да нема положено возачки испит.“

МВР распиша меѓународна потерница по Саит Саитов кој прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

Согласно овие членови освен Саитов и неговиот татко бил казнет со 250 евра. Но, и покрај ова Саити продолжил да го вози автомобилот на татко му без возачка дозвола, која не ја поседувал ни при сообраќајната несреќа. На неговиот профил на Фејсбук може да се забележи фотографија од него зад воланот уште во 2020 година. Неколку видеа како вози автомобил беа објавени и на неговиот Инстаграм профил. Најстарото беше од јули 2024 година кога бил малолетен. Видеата подоцна беа избришани од неговиот профил.

Лани во мај освоил трето место на натпревар за фризури. Сега се бара со меѓународна потерница, откако со неговиот татко избега од државата преку граничниот премин Табановце. МВР потерницата ја објави синоќа. На случајот работи и Интерпол, а нивните помагачи маж и жена беа веднаш уапсени.

Саити се гони за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за ,,неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода”. Казните за двете кривични дела се движат од една до десет години и од три месеци до пет години.

Инаку истиот ден на 9 јануари во Визбегово беше прегазен 54 годишен пешак кој се здоби со тешки телесни повреди. Ден претходно 74 годишна жена беше удрена на улицата Женевска во Скопје, која исто така се здоби со тешки телесни повреди.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе