Вести Македонија

Се обрати и претседателката на скопскиот Кривичен суд чиј брат е уапсен во новата истрага за кочански Пулс: Немам никаква улога во предметот

В.Д. претседателката на Кривичен суд Скопје Даниела Димовска со реакција откако нејзиното име се спомнува во јавноста бидејќи братот на Димовска, Драган Паунов е еден од осомничените во новата истрага за кочански Пулс. Паунов е даночен контролор во Регионална дирекција на УЈП во Штип е осомничен дека со примање поткуп му доставувал информации за контроли на синот на реалниот газда на Пулс, кабаре каде се случи трагедијата и загинаа 63 луѓе.

Димовска во реакцијата вели дека нема никаква улога во предметот кој се води во судот во Кочани.

-Ниту јас, ниту овој суд има било каква улога во тој предмет, јас не можам и не смеам да влијаам врз него. Како претседател на судот, мојата работа се однесува на обезбедување услови за независнo и непристраснo работење и ја уверувам јавноста дека судот ќе продолжи да работи професионално, законито и транспарентно во постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“, како и досега. Моите лични семејни околности немаат и не можат да имаат никакво влијание врз работењето на конкретниот случај во судот- Даниела Димовска – в.д. претседател на Кривичен суд – Скопје.

Во Кривичниот суд каде Димовска во моментов ја извршува функцијата на в.д. претседател  неделава започна судењето против 35 мина обвинети за пожарот во Пулс во Кочани во кој загинаа 63 млади луѓе.

Б.Н.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе