Вести Македонија

Штип, Радовиш, Карбинци и Конче со заедничка Стратегија за превенција од пожарите на отворено

Земјоделските површини се најризични, а човекот е најчесто причинител за пожарите. Овие заклучоци произлегоа од анализата на Здружението за рурален развој ЛАГ Плачковица, која ги опфаќа општините Штип, Радовиш, Карбинци и Конче.

Овие четири општини имаат заедничка Стратегија за превенција од пожарите на отворено.

Во неа се утврдени превентивни мерки, дефинирање на ризичните зони и создавање на пунктови за брза интервенција при пожари на отворено.

  • „Превентивните мерки се дефинирање на зони, пробивање на патишта, расчистување на оние места каде што има потенцијал за развој на пожар, санирање на земјоделските земјишта. Мора да се подигне јавната свест-забрането спалување на земјоделски отпад, забрането спалување во шумските предели и создавање на пунктови кои ќе бидат за поддршка во случај на справување со пожари“, рече Столе Ѓорѓиев претседател на ЛАГ „Плачковица“.

Штипските пожарникари ги гаснат пожарите во Штип и Карбинци, а пак радовишките во Радовиш и Конче.

Командирот на штипската Територијална Противпожарна единица, Благој Ренџов вели кадар имаат, но потребно е доопремување на единиците со опрема за рано откривање на пожарите на отворено.

  • Од опрема недостасуваат дронови, како и усовршување за откривање на раните пожари. Недостасува и опрема како мешиња, метли и возила, рече Благој Ренџов командир на ТППЕ-Штип.

Ова лето гореше планината Готен на територија на општините Радовиш, Струмица и Берово, а огнот проголта шума на површина од 1.948 хектари. Штета изнесува околу 224.000 евра.

Викторија Јованова Димитровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе