Вести Македонија

Коалицијата „Менуваме“ бара во буџетот за 2026 да има 196 милиони евра за лицата со попреченост

Додека во Собранието трае процедурата за донесување на буџетот за 2026 година, лицата со попреченост бараат во него да се вкалкулираат 196 милиони евра, кои што годинава им биле скратени. Од Коалицијата во допис до јавноста, велат дека тие средства Министерството за социјална политика не ги вклучило во Предлог- буџетот за идната година и бараат од пратениците кои поднесуваат амандмани да пристапат кон процесот професионално, транспарентно и со емпатија кон оваа категорија граѓани. Според Коалицијата кратењето на 196 милиони евра ќе предизвика ослабена социјална заштита на оваа категорија граѓани.   

Коалицијата „Менуваме“ бара во буџетот за 2026 година да бидат вклучени 196 милиони евра, средства кои на лицата со попреченост годинава им беа скратени . Во соопштение до јавноста велат дека Министерството за социјална политика тие пари не ги вметнало во Предлог- буџетот за идната година, без оправдување, методологија, анализа или измени на подзаконските акти. Ги повикуваат пратениците во Собранието , особено, како што велат, оние кои поднесуваат амандмани на Предлог- буџетот, да пристапат кон процесот професионално, транспарентно и со емпатија кон лицата со попреченост.

  • Доколку се усвои ова намалување, неизбежно ќе доведе до ослабена социјална заштита, намален пристап до основните услуги, подлабока сиромаштија, исклучување од општествените текови и влошување на здравствените резултати на лицата со попреченост, велат до Коалицијата Менуваме.

Од Коалицијата минатата седмица излегоа со извештај во кој што е пресметано дека месечните трошоци на едно петчлено семејство со лица со попреченост се за 60% повисоки во однос на четиричлено семејство со лица со типичен развој. Трошоците се зголемуваат поради дополнителни потреби како што се медицински помагала, лекови и терапија, специјализиран превоз и постојана асистенција од лица што се грижат за нив. Коалицијата ги повикува членовите на Комисијата за финансирање и буџет, да го признаат пропустот во Предлог- буџетот на Министерството за социјална политика и да ги поддржат амандманите со кои се поддржани правдата, еднаквоста и солидарноста.

Телма праша во Министерството за социјална политика, зошто годинава беа скратени 196 милиони евра по основ на попреченост и дали тоа ќе се повтори во 2026 година? Прашавме и во Собранието, дали барањето на Коалицијата „Менуваме“ стигнало и е доставено до Комисијата за финансирање и буџет? Но, одговори засега нема.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе