Постои ли волја кај пратениците да се поправат или евроинтегративниот процес во Собранието ќе остане вкопан во партиските ровови? Според Костадиновска Стојчевска оценката е помала за разлика од минатата година.
„Гледајќи ги бројките, оценката за 2025 година е 3,11, претходната година била 3,9. Ако ги отвориме сите поглавја по нивоа, ќе видиме дека оние поместувања кај едно, две, три евентуално поглавја, или како што кажав има министри кои навистина си ја знаат својата работа и тоа го постигнале со тоа што го направиле како задача“ изјави Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ.
Според Костадиновска ова е домашна задача за државата започнувајќи од реформите, па се друго, и дека ова треба да го сработи задачата со цел поголеми бенефити за самата држава.
Т.Д.
