Вести Македонија

СДСМ денеска ќе поднесе предлог за анкетна комисија за Кочани

Пратениците на СДСМ и Коалицијата најавија дека денеска ќе поднесат предлог до Собранието за одржување надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Ова е дел од поддршката на барањата на семејствата на загинатите и повредените, и целта е утврдување на вистината и одговорноста на сите институции.

Филипче истакна дека пратеничката група и раководството на СДСМ ги оцениле овие чекори како неопходни за проверка на постапувањето на институциите, утврдување на политичка одговорност и подготовка на мерки за спречување на слични трагедии во иднина.

Тој ги повика сите пратеници од различни политички партии да ги поддржат овие иницијативи во Собранието, нагласувајќи дека целта е јавноста да добие целосна и независна анализа на настанот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ со загуба од над 90 милиони евра – каква ќе биде новата цена на струјата ?

Дејан Дејан

Се уриваат импровизирани домови во Штип

Дејан Дејан

Организација на потрошувачи: „Цените мора да се следат, мерките да не задоцнат доколку има поскапување“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе