Вести Свет

Не доаѓа во предвид – Мерц ја отфрли идејата за малцинска влада

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја отфрли идејата за малцинска влада поради тензиите во неговата конзервативна партија околу предлозите за пензиска реформа, објави агенцијата ДПА.

„Според мене, не доаѓа предвид да преземеме таков чекор. Дали некој верува дека во сегашниот Бундестаг ќе можеме да работиме со променливи мнозинства и дека ќе направиме некаква разумна законодавна работа?“, праша Мерц на економска конференција во Берлин.

Неговата изјава следува по медиумските извештаи дека неговата партија Христијанско-демократска унија (CDU) разгледува сценарио за малцинска влада.

Тензиите се појавија околу предлозите за пензиска реформа што веќе беа одобрени од Мерц и неговите коалициски партнери од Социјалдемократската партија на Германија (СПД). Меѓутоа, предлозите беа отфрлени од младинското крило на ЦДУ. Се предвидува дека 18 пратеници поврзани со младинското крило може да гласаат против реформата, што би го попречило нејзиното усвојување во Долниот дом на германскиот Парламент.

И покрај несогласувањата, германскиот канцелар увери дека коалицијата со СПД сигурно ќе продолжи следната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе