Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, беше осудена на смрт заради злосторства против човештвото во текот на интервенциите на безбедносните сили против студентските протести кои доведоа до нејзиното соборување од власт.
Таа беше прогласена за виновна затоа што дозволила смртоносна сила да биде употребена против демонстрантите минатата година, кога беа убиени повеќе од 1 400-тини луѓе.
На Хасина, која го напушти Бангладеш и доби азил во Индија, и се судеше во отсуство од страна на Меѓународниот трибунал за кривични дела во Бангладеш.
Таа беше принудена да се повлече од функцијата во јули 24-тата година.
Обвинителите порачаа дека таа е одговорна за смртта на повеќе стотици лица во текот на протестите. Поранешната премиерка ги отфрли сите обвиненија, опишувајќи го судскиот процес против неа како пристрасен и политички мотивиран.
Шеик Хасина владееше со Бангладеш 15 години, во текот на кои во земјата беше постигнат економски напредок, но на сметка на тоа беа спроведувани мерки за замолкнување на опозицијата, со политички мотивирани апсења, случаи на „исчезнати“ политички противници, па се до директни атентати.
Масовните протести против нејзиното владеење ја присилија да ја напушти државата, по што нобеловецот Мухамед Јунус беше инсталиран како лидер на привремената влада.
Н.И
