Полскиот премиер ја опиша експлозијата на пругата во близина на Варшава, како акт на саботажа.
Во меѓувреме, полскиот министер за одбрана, Владислав Косинјак-Камиш изјави дека армијата ќе проверува околу 120 километри на пругата Варшава -Лублин, која ги поврзува главниот град на државата со Украина.
Железничката линија која ги поврзува Варшава со југоисточна Полска беше оштетена во експлозија во текот на викендот а во текот на денешната посета на регионот, премиерот Доналд Туск оцени дека станува збор за акт на саботажа без преседан.
Според него, оваа пруга е од клучно значење за доставувањето помош за Украина.
Машиновозачот на возот пријавил проблеми на пругата во текот на вчерашниот ден, околу 19.40 минути.
Дополнителната истрага утврдила дека има штета на делот на пругата во близина на селото Мика, околу 100 км југоисточно од Варшава.
Засега, не може со сигурност да се каже дали експлозијата се случила во доцните вечерни часови во саботата или во недела наутро. .
Двајца патници и неколку членови на екипажот се превезувале со возот, но нема информации дали се повредени во инцидентот.
Вообичаено осомничена страна за ваквите случаи е Русија. По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022-та година, полските власти приведоа повеќе десетици луѓе осомничени за саботажа и шпиунирање.
Н.И
