Вести Свет

Повеќегодишен буџет и декемврискиот Самит на ЕУ главни теми на денешниот ГАК

Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година и подготовките за Самитот на Унијата предвиден за 18 и 19 декември, ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за општи работи  на блокот.

Според најавите, состанокот ќе започне со дискусија за утврдување на дневниот ред на декемвриското заседание на Европскиот совет, кое ќе ги собере шефовите на држави или влади на членките на Унијата.

Во продолжение на средбата министрите или државните секретари на земјите членки на ЕУ ќе одржат и политичка дебата за предлогот на Европската комисија за следниот повеќегодишен буџет на Унијата.

Европската комисија во рамки на состанокот на ГАК пред министрите ќе ја претстави и својата работна програма за 2026 година, по што ќе следи размена на мислења по презентираниот документ.

За време на работниот ручек министрите ќе одржат неформална дискусија за односите на ЕУ со Велика Британија.

Пред почетокот на состанокот на ГАК, со кој ќе претседава данската министерка за европски прашања Мари Бјере, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, ќе се одржи седмата Меѓувладина конференција од пристапните преговори меѓу Албанија и Унијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе