Вести Свет

Трамп: Републиканците во Домот треба да гласаат за откривање на досиејата на Епстин, немаме што да криеме

Голема победа во недела во Претставниччкиот дом очекуваат американските законодавци кои се обидуваат да го забрзаат објавувањето на досиејата поврзани со истрагата за сексуална трговија против финансиерот Џефри Епстин откако „низа републиканци“ ја поддржаа примената на законот за декласификација, првично, спротивставувајќи се на раководство на Републиканската партија и на претседателот Доналд Трамп.

Сепак, претседателот Трамп во меѓувреме ја смени својата позиција и ги повика републиканците во Конгресот на САД да гласаат за објавување на досиејата, откажувајќи се од првичниот отпор кон таков чекор.

Законот ќе го принуди Министерството за правда да ги објави сите датотеки и комуникации поврзани со Епстин, како и каква било информација за истрагата за неговата смрт во федерален затвор. Информациите за неговите жртви, како и тековните федерални истраги, ќе можат да останат скриени.

– Имаме сто или повеќе гласови од републиканците, рече конгресменот од Републиканската партија Томас Маси. – Се надевам дека ќе обезбедиме мнозинство што не може да биде блокирано со вето кога овој предлог-закон ќе биде ставен на гласање, додаде тој.

Маси и демократот Ро Хана во јули поднесоа петиција за ослободување од одговорност за да обезбедат гласање за предлог-законот, инструмент што им овозможува на мнозинството членови да го заобиколат раководството на Домот и да издејствуваат гласање.

Ставот на Трамп дојде откако претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно изјави дека според него, гласањето за објавување на документите на Министерството за правда во случајот Епстин би помогнало да се стави крај на тврдењата дека Трамп има некаква врска со насилникот.

„Републиканците во Домот треба да гласаат за откривање на досиејата на Епстин, бидејќи немаме што да криеме“, напиша Трамп на „Трут Соушл“.

„И време е да се заврши со оваа измама на демократите, извршена од радикални левичарски лудаци, за да се одвлече вниманието од големиот успех на Републиканската партија, вклучувајќи ја и нашата неодамнешна победа над предизвиканото од демократите ‘запирање на работата (на владата)’“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе