Вести Македонија

ЕУ не е далечно патување, туку конкретна перспектива – порака на Вадефул пред турнејата во Западен Балкан

Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска изјави дека државите од Западен Балкан треба да ги спроведат понатамошни реформи, бидејќи тоа е од суштинско значење за да нивните долгогодишни напори за членство во ЕУ, но и да се спротивстават на обидите на Русија и Кина да извршат влијание во регионот, јави Германската новинска агенција (ДПА).

Владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на основните права не се предмет на преговори, истакна Вадефул денеска пред да замине во посета на шесте земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово и Северна Македонија.

Тој додаде дека „посветеноста кон споделените вредности е предуслов за пристапување во ЕУ“.

Шесте земји од Западен Балкан се составен дел од европското семејство. ЕУ не е далечно ветување, туку конкретна перспектива, посочи Вадефул.

Тој наведе дека Црна Гора и Албанија постигнале значителен напредок, додека другите земји сè уште имаат долг пат пред себе.

ЕУ води преговори за пристапување со Црна Гора и Србија од 2012 и 2014 година, соодветно. Преговорите со Албанија и Северна Македонија почнаа во 2022 година, додека БиХ има статус на кандидат, но сè уште не почнала преговори, додека Косово е потенцијална земја-кандидат.

Многумина се подготвени да спроведат далекусежни реформи за иднината во ЕУ. Секој што сака да стане дел од оваа правна заедница и економска област мора да преземе одговорност – дури и ако тоа бара тешки чекори, истакна Вадефул.

Тој наведе дека земјите од Западен Балкан треба да ги диверзифицираат своите извори на енергија за да ја зајакнат својата независност и суверенитет.

Турнејата на Вадефул почнува денеска во главниот град на БиХ, Сараево, каде е предвидено да се сретне со тројцата членови на Претседателството. Тој, исто така, треба да се сретне со Високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, Кристијан Шмит.

Вадефул утре ќе ги посети Црна Гора, Албанија, Србија и Косово.

Тој во Подгорица ќе разговара со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ.

Вадефул утре попладне во Тирана ќе се сретне со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со шефот на Специјалното државно обвинителство за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам.

Германскиот министер за надворешни работи утревечер ќе допатува во Белград, каде се предвидени средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а во вторник со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и со претставници на граѓанското општество.

Потоа шефот на германската дипломатија ќе отпатува за Приштина, каде ќе има средби со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германски војници во мисијата КФОР.

На 18 ноември вечерта Вадефул турнејата ќе ја заврши во Скопје. Предвидени се средби со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе