Вести Македонија

КОД: Исповед на родителите на загинати во Пулс и очекувања од судењето

Живееме само за да дојдеме да им оддадеме почит на гробишта, велат во исповед за КОД, родителите на Иван Величков и Моника Спасова кои загинаа на концерт на ДНК во кочанското кабаре Пулс. Водат борба со системот за да не се повторат трагедии и да не настрадаат и други, нечии деца.

Пред почетокот на судењето очекуваат правда иако се скептични кон македонското судство и го повикуваат да се одважи и за Пулс да суди правилно, да ги казни виновниците и да се откријат сите кои направиле пропусти.

Во КОД вечерва и нови детали од обвинението: Како се запечатени прозорците на Пулс кој немал системи за одвод на чад и топлина, а немал и хидранти и мрежа за противпожарна заштита, ниту пак бил посетен од градежен инспектор цели 13 години. Во емисијата и интервју со државниот обвинител Љупчо Коцевски, а КОД е по вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе