Вести Економија Македонија Најважни

МФ денеска ќе ја исплати втората Граѓанска обврзница

Министерството за финансии соопшти дека денеска ќе биде извршена исплата на главницата и каматата за втората година од втората Граѓанска обврзница. На сметките на граѓаните ќе бидат префрлени 17,6 милиони евра главница и 880 илјади евра камата, издадени со двегодишната обврзница пласирана во ноември 2023 година со каматна стапка од 5%. Од МФ потсетуваат дека каматата за првата година беше исплатена лани, а вкупно преку двете емисии на граѓански обврзници се обезбедени 41,1 милион евра. Овој инструмент беше воведен во 2023 година со цел проширување на опциите за инвестирање и диверзификација на изворите за финансирање на економските политики. Министерството веќе работи на подготовка на проспект за нова емисија Граѓанска обврзница, по анализите на финансиските трендови на домашниот и европскиот пазар. Новата понуда ќе биде насочена кон дополнително јакнење на домашниот пазар на капитал и вклучување на што поголем број граѓани во процесот на инвестирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката за рудникот Иловица е шок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе