Вести Македонија Топ вести

Владините партнери молчат за средбата зад затворени врати

Владините партнери молчат за резултатот од вчерашната средба зад затворени врати на која, далеку од медиумите, се договараа за понатамошното функционирање на коалицијата и на владата. Никој не открива што се договориле  за пополнување на испразнетите вицепремиерско и министерско место со кои раководеше Изет Меџити, а требаше да разговараат и за Град Скопје и општините каде што се поддржаа на изборите.

Премиерот денеска кусо одговори дека тоа била редовна коалициска координација и дека нема што да сподели со јавноста. На прашањето, дали поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предлогот на Вреди за министер за животна средина и просторно планирање, како што неофицијално објавија дел од медиумите, повторно не даде одговор, а не откри ниту какви се барањата и предлозите од коалициските партнери.

Сличен  е ѝ одговорот на министерот за економија и труд. Еден од проблемите е тоа што од ВРЕДИ бараат двајца наместо еден човек да биде и на вицепремиерската и на министерската функција како што беше досега Меџити. За вицепремиер го предлагаат Беким Сали,за кого премиерот рече дека нема ништо против, но смета дека нема потреба да добијат друга функција. Неофицијално, реконструкцијата може да опфати и заменици-министри, каде во МВР наместо Астрит Исеини, се спомнува Беким Рамадани.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во синоќешното гостување на Топ тема рече дека во моментов се зборува само за пополнување на испразнетите места што се дел од ВРЕДИ.Потенцираше дека не треба да има отстапки од  коалицискиот договор постигнат претходната година.И од двете страни најавуваат дека деновиве повторно ќе имаат средби.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе