Вести Свет

Нов корупциски скандал во Украина: граѓаните бараат резултати од институциите

Најновиот корупциски скандал во украинската влада, кој вклучува високи функционери и државната нуклеарна компанија „Енергоатом“, предизвика политички потрес во Киев.

Претседателот Володимир Зеленски побара разрешување на министрите за правда и енергетика по истрагата на антикорупциските органи, кои уапсија пет лица и идентификуваа уште седум осомничени за поткуп вреден околу 100 милиони долари во енергетскиот сектор.

Скандалот предизвика огорченост кај граѓаните на Киев, кои со недоверба гледаат на најновите случаи и стравуваат од уште една тешка зима. Премиерката Јулија Свириденко потврди дека министерот за правда Херман Халушченко е суспендиран, а неговата заменичка Људмила Сухак ќе ги преземе должностите.

Иако Халушченко не е формално обвинет, тој најави дека ќе се брани пред суд. Компанијата „Енергоатом“ соопшти дека истрагата не го попречила нејзиното работење.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе