Вести Македонија Топ вести

Муцунски: Нема политички притисок врз македонските историчари

Македонскиот тим во историската комисија со Бугарија не работи под притисок на политиката, гласи одговорот на министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, на изјавата на копретседателот на Комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров, дека работата на Комисијата е блокирана поради непостоење на желба од македонска страна работите да се придвижат и оти македонските историчари целосно ја следат политиката на државата и доктрината на македонизмот, да не се зборува дека двете држави имаат заедничка историја.

Муцунски притоа вели дека ако порано имало политичко влијание и притисок врз Комисијата, тоа сега го нема.

„Политиката нема право да се меша во академската слобода. Обврската на членовите на таа Комисија е да дискутираат, дебатираат и ако успеат да донесат некои заклучоци, врз основа на што тие, низ произмата на нивнотот научно познавање, ќе успеат да го координираат. Така што политиката ги има тргнато рацете“, рече Муцунски.

Тој се воздржа од натамошно коментирање на изјавата која пред два дена ја даде Димитров во интервју за Бугарската национална телевизија, за работата на Комисијата и македонскиот тим во неа.

„Јас доколку навлезам во тоа што го кажал г-динот Димитров, а верувајте ми имам личен став како човек за многу работи што тој ги кажал во последниов период, тогаш веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува – да го политизареме тој процес“, изјави Муцунски.

Димитров инаку во интервјуто зборува и за менувањето на македонскиот тим, за кое вели дека не сменило ништи во работата на Комисијата. Според него, и сегашниот состав македонски историчари, како и претходниот, ја запреле дискусија на темата – Охридската архиепископија, со целосно неприфаќање дека таа е продолжение на Бугарската патријаршија, но и дека работата на Комисијата е заглавена на учебникот за седмо одделние од македонскиот образовен систем, односно на 11 век, со досега непотпишани седум записници од одржаните средби.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе