Вести Економија

Движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,19 п.п., при што во септември таа изнесува 2,20%.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,56 п.п. и изнесува 4,85%.

Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2025/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2025_septemvri_mk.pdf

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во септември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,05 п.п. и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,85%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,20% што претставува месечен и годишен раст од 0,01 п.п. и 0,19 п.п., соодветно.

Во септември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. и 0,51 п.п., соодветно и изнесува 4,47%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,23% и бележи месечен раст од 0,17 п.п., додека на годишна основа е намалена за 0,37 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во септември 2025 година, е намалена за 0,06 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,46%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,37 п.п. и 0,04 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи намалување за 0,69 п.п.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе