Вести Македонија Топ вести

Обвинение за кражба на енергетски кабли – штета од половина милион евра

Три лица се обвинети дека краделе кабли од скопската „Железара“, при што предизвикале материјална штета од илјадници евра и пожар кој можел да има сериозни последици. Тие, во периодот од март до мај оваа година, од кругот на фабриката одзеле различни видови електрични кабли што припаѓале на „Електрани на Македонија“ и „Макстил“. 

„Обвинетите, заедно и со други лица кои се уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај годинава, од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје, односно од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лица АД ЕСМ – Електрани на РСМ – Подружница енергетика Скопје и МакСтил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440.000 евра“, велат од ОЈО Скопје.

Во текот на кражбите, обвинетите користеле брусалки за сечење на каблите и потоа ги складирале за транспорт. На 9 април, поради нивното делување избувнал пожар во трафостаницата ТС Југ, со дополнителна материјална штета од над 100.000 евра и загуба од околу 60.000 евра поради прекин во дистрибуцијата на струја..

„Потоа на 6 мај, сите тројца обвинети заедно, со возило Фолксваген голф дошле до објектот и ги подготвувале каблите за транспорт. Но, при удар со кабел едниот осомничен бил повреден и тројцата отишле најпрво на Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани повреди и му била укажана лекарска помош. Потоа сите тројца се вратиле во објектот, ги зеле алатите кои ги оставиле и се обиделе да го напуштат местото, но биле затекнати и лишени од слобода веднаш по излезот од кругот на „Железара“, велат од ОЈО Скопје.

За тројцата обвинети јавниот обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје да им се продолжи мерката притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе