Со денешното гласање на болните, изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови, почнува вториот круг од локалните избори на кои се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии (ОИК). Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.
Изборната кампања за вториот круг од изборите заврши синоќа на полноќ и ќе трае до утре до 19 часот. Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Изборите ги следат 1.598 домаши и меѓународни набљудувачи од кои 933 се домашни, а 651 странски.
