Вести Македонија Најважни

Денеска гласаат болни, изнемоштени, затвореници и лица во старски домови – почна вториот круг на локалните избори

Со денешното гласање на болните, изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови, почнува вториот круг од локалните избори на кои се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии (ОИК). Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.

Изборната кампања за вториот круг од изборите заврши синоќа на полноќ и ќе трае до утре до 19 часот. Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот.

Изборите ги следат 1.598 домаши и меѓународни набљудувачи од кои 933 се домашни, а 651 странски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

Дејан Дејан

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе