Вести Свет

Хамас предаде посмртни останки на уште двајца заложници во Газа

Припадници на Хамас предале ковчези со телата на уште двајца израелски заложници во Појасот Газа на Црвениот крст, соопшти израелската армија. Станува збор за посмртни останки на две киднапирани лица во нападот на палестинската група на 7 октомври 2023 година.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврдија дека Израел примил уште две тела на заложници. Досега Хамас врати 15 од вкупно 28 тела на заложници кои, според Израел, сè уште се во Газа.

Во понеделник навечер групата му предаде на Израел делови од тело што подоцна се покажа како веќе предаден заложник, што, заедно со доцнењата во предавањето, предизвика гнев во израелската Влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе