Вести Економија Наука и здравје Свет Топ вести

Nvidia стана првата компанија вредна 5 трилиони долари

„Nvidia“ стана првата компанија вредна пет трилиони долари. Откако пред три месеци овој производител на чипови од Силиконската долина беше првиот што ја проби бариерата од четири трилиони долари.

Огромниот апетит за купување на чиповите „Nvidia“ е главната причина зошто цената на акциите на компанијата се зголеми толку брзо, започнувајќи уште во 2023 година.

Во средата акциите затворија на 207,04 долари со 24,3 милијарди акции во оптек, со што пазарната капитализација достигна 5,03 трилиони долари.

Извршниот директор на „Nvidia“, Јенсен Хуанг оваа недела патуваше во Јужна Кореја, додека лидерите од главните економии од САД, Кина и Јапонија, се собраа на годишниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе