Дали и какви промени ќе има во цената за преносот и дистрибуцијата на струја? Барањата на енергетските компании до РКЕ се одамна доставени. Според, информации на Телма, МЕПСО побарале незначителни 0, 67 отсто поскапување, МЕМО не побарале, Електродистибуција немаат наведено. Но, според информациите таму се чека да се види по која цена ќе ја обезбедат струјата за покривање на загубите. Од друга страна пак барањето од Енергетика – подружница на ЕСМ која врши дистрибуција на електрична енергија во рамки на Железара, побарале зголемување на цената за дистрибуцијата од 56, 3 проценти.
Новата цена за преносот и дистрибуцијата на струја – ставка која е во фактурите за електрична енергија кои ги добиваат домаќинствата, треба да се донесе до крајот на ноември.
Нова цена пак на струјата до крајот на годинава. Каква ќе биде најмногу зависи и од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ која сега е 62 евра за мегават час. ЕСМ до сега реализираше неколку набавки за јаглен но и за електирчна енергија. Па, од тука произлегува прашањето дали и колку на оваа цена ќе влијаат набавките на јаглен и електрична енергија кои се спроведоа.
